Американските новинари добија апел да престанат да крадат сувенири од официјалниот авион на американскиот претседател Џо Бајден

0
50

Проверката на инвентарот на Air Force One по посетата на Бајден на американскиот западен брег во февруари открила дека недостасуваат неколку ставки во делот за медиуми.

Меѓу предметите, наводно, исчезнати од авионот се брендирани навлаки за перници, очила со златен раб и чинии.

Здружението на дописници на Белата куќа предупредило дека е забрането „позајмување“ работи од авионот.

Минатиот месец, здружението испратило мејл до новинарите во кој рекле дека таквото однесување лошо се одразува на новинарскиот пул, група новинари кои патуваат со претседателот и дека тоа мора да престане.

На новинарите понекогаш им се даваат како сувенири мали пакетчиња со M&M кои се украсени со претседателскиот печат.

Но земањето предмети со логото на Air Force One, вклучувајќи прибор за јадење и крпи, е вообичаено со години, тврдат извештаите.

Дописникот на Гласот на Америка од Белата куќа Миша Комадовски собрал „суптилна“ колекција на предмети од неговите патувања во претседателскиот авион.

kanal5.mk