Според она што моментално го цртаат нумеричките модели, следната седмица територијата на Македонија би можела да биде зафатена од уште поизразен топлотен бран од Африка и од многу високи температури на воздухот, кој сигурно би надминувале и 30 степени.
Овој пат овој топлотен бран би го зафатил поголемиот дел од Европскиот Континент, но да повториме, ова е сосема вообичаено за овој период од годината да имаме вакви високи температури, поради тоа што и порано се случувало да биде вака топло во пролетните месеци, но и да биде присутна Сахарската прашина и песок.
Ние во нашата сезонска анализа за оваа пролет веќе кажавме дека таа ќе биде топла со натпросечно високи температури на воздухот, пишува во најновиот извештај метеопрогнозерот Славчо Попоски.