Пред нас викенд со летни температури на воздухот

Под влијание на нов топол бран од Африка, за време на овој викенд времето повторно во Македонија ќе биде значително потопло со натпросечни температури на воздухот, и тие ќе се искачуваат во интервалот од 23 до 30 степени. Времето ќе биде претежно сончево, со појава на мала до умерена локална облачност.

Сепак во недела ќе биде и ветровито, односно на повеќе места ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец.

Во Скопје  и околината ќе имаме слично време, со температура која ќе се искачува во интервалот помеѓу 25  и 26 степени. Во недела  и во Скопскиот регион повремено ќе дува засилен ветер од северен правец.

Уживајте во прекрасното време почитувани овој викенд, и секако искористете го за прошетка или пак за правење на скара во природа, пишува во најновата објава метеопрогнозерот Славчо Попоски.