Земјотрес го погоди Њујорк, засега нема материјална штета

0
41

Силен земјотрес денеска (5 април) ја погоди густо населената област на Њујорк, соопшти Американскиот геолошки институт.

Институтот извести за земјотресот околу 10 часот по локално време со прелиминарна јачина од 4,8 степени според Рихтеровата скала.

Како што јавува АП, епицентарот на земјотресот бил во близина на градот Либан во државата Њу Џерси.

Податоците на Институтот покажуваат дека земјотресот можеле да го почувствуваат повеќе од 42 милиони луѓе.

Околу 30 минути по земјотресот, противпожарната служба на Њујорк на социјалните мрежи објави дека нема извештаи за материјална штета или повредени.

Потоа се огласија уште еднаш наведувајќи дека одговараат на повиците и ја проценуваат структурната стабилност, но дека „во овој момент нема поголеми инциденти“.

Земјотресот бил почувствуван и во Балтимор, Филаделфија, Конектикат и други области на североистокот.

извор: slobodnaevropa.mk