Голем интерес за дигиталното цветно шоу во Лондон

0
59

Во соработка со „National Trust“ во објектот „Outternet London“, на површина од околу 2.000 квадратни метри, во Лондон е организирана дигитално видеошоу на цвеќиња. Sидовите и таванот се прекриени со LED-видеоекрани со висока резолуција, известува Анадолу.

Во објектот „The Now Building“, видеошоуто на цвеќиња и лисја е проектирано на четири екрани, најавувајќи го доаѓањето на пролетта и сезоната на повторното раѓање.

Посетителите на видеошоуто, кое привлече голем интерес, ќе можат интерактивно да гледаат како цветаат дрвјата и растат лисјата.

Во исто време, посетителите ќе можат да донираат за кампањата на Trust „Засади дрво“ користејќи ја станицата „Допрете за да донирате“, која ќе биде отворена на 20 април. Оваа кампања има за цел да засади 20 милиони дрвја во Велика Британија до 2030 година, од кои 4 милиони се цветни дрвја.

извор:Анадолу.

фото:Анадолу.