До среда продолжува пролетно-летен период

Продолжува периодот на стабилно, суво и претежно сончево време во Македонија и во следните три денови, односно во периодот од понеделник до среда. Температурите остануваат рано-летни и ќе се искачуваат во интервалот од 21 до 28 степени.

Само денес на повеќе места ќе биде ветровито, односно ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, а попладнето е можна појава  и на сосема слаб, локален и краткотраен дожд (ништо сериозно), стои во најновата метео анализа од метеорпрогнозерот Славчо Попоски.