(ВИДЕО) Одделот за воздухопловни единици заедно со Одделот за специјални полициски операции вежбаа извлекување на повреден на карпа со помош на хеликоптер

0
127

Во склоп на алпинистичка обука на Одделот за специјални полициски операции и Единицата за брзи интервенции, хеликоптер со посада од Одделот за воздухопловни единици учествуваше во повеќе вежби во склоп на обуката и тоа: Инфилтрација со Fast Rore, Rappeling и спасување со витло.

Обуката се заокружи денеска (07.04.2024) со показна вежба за изведување на една од најкомплексните операции во планинското спасување, односно извлекување на повреден на карпа, со помош на хеликоптер.