Распоред на натпреварите на македонските олимпијци

Од шестемина олимпијци што ќе ја претставуваат Македонија на Летните олимписки игри во Париз, прв ќе настапи 16-годишниот Никола Ѓуретановиќ. Своето деби во олимпискиот базен во Париз Никола ќе го има на 27 јули (по 11:00 часот), за кога се закажани квалификациите во трката на 400 метри слободно.
Еден ден подоцна, односно на 28 јули, во 9:15 часот, на борилиштето ќе се појави и Анастасија Мојсовска. Македонската олимпијка во стрелаштво ќе се обиде да дојде до што подобар пласман во квалификациите во својата дисциплина.
Трет што ќе го видиме на екраните кога се нашите натпреварувачи во прашање, ќе биде Еди Шерифовски, кој ќе се појави на џудо- борилиштето на 30 јули, за кога се закажани борбите во неговата категорија до 81 килограм.
Потоа, на 8 август, следува и настапот на големата надеж за медал, оној на Мила Релиќ, за кога се закажани борбите во категоријата до 57 килограми.
Еден од оние што ветуваат добар настап е и Владимир Егоров. Него ќе го видиме во првата, осминафинална, рунда на 8 август, од 11:30 часот. Борбите во репасажот се закажани за 9 август, во 11:00 часот.
Ќе ги завршиме овие Олимписки игри со маратонската трка на Дарио Ивановски, кој ќе истрча на улиците на Париз на 10 август.
slobodnaevropa.mk