Викендов времето во Македонија ќе биде стабилно, суво и сончево со слаб до умерен ветер од променлив правец. Повторно температурите ќе бележат тенденција на пораст, и тоа поради нов продор на топол бран од Африка.
Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 32 до 38, 39 степени. Во Скопје температурата ќе се движи во интервалот помеѓу 35 и 38 степени.
Ув индексот за време на викендов ќе има многу висока вредност и ќе има коефициент помеѓу 8 и 9, најавува метеопрогнозерот Славчо Попоски.