Министерот за внатрешни работи Таулант Бала денеска изврши увид на граничниот премин Ќафасан, кој ја поврзува Албанија со Македонија

0
50

Министерот за внатрешни работи Таулант Бала денеска изврши увид на граничниот премин Ќафасан, кој ја поврзува Албанија со Македонија.

Министерот Бала најави дека „Националниот територијален инспекторат ги расчистил просторите кај сите гранични премини, а со нивниот добар систем се занимава албанската Царинска управа“.

Во меѓувреме, во видеото што го објави министерот за внатрешни работи, претставниците на граничниот пункт Ќафасан информираат дека е започната работа на подобрување на инфраструктурата. Во рок од месецот се очекува да заврши обележувањето на коловозот, асфалтирање на некои делови од него, осветлување, бојадисување на фасадата, средување на рабниците.

При увидот Бала бил информиран дека на овој граничен премин има голем проток на граѓани, возила и извоз на минерали, каде дневно поминуваат околу 70-80 камиони, додека имало денови кога протокот  бил и 120 дневно. Во Ќафасан има 3 шалтери на влез и 3 на излез.

 

vesnik-ilinden.com