Можно е и над половина метар снег на планините во регионот, а снег ќе има понекаде и во градовите, најавува Попоски

Покрај мене, и сите познати метеоролози од регионот се едногласни, од средината на овој месец, како и во втората половина од овој месец преку Атлантикот и потоа од северозападна Европа кон нашите краишта ќе дојде до спуштање на значително поладен воздух кој ќе ги спушти температурите за повеќе од 10 степени, и од рано-летни тие ќе се претворат во есенско-зимски.

Се поизвесно е есенско-зимско сценарио следната седмица кај нас на Балканот. Покрај обилните врнежи од дожд следната недела, очекуваме  и обилни врнежи од снег на планините во регионот,  а по се изгледа и кај нас во Македонија. На планините во регионот понекаде би можело да се формира снежна покривка со висина од 20 до 30 cм, понекаде таа би можела да биде со висина  и од над 50 cм, секако ова важи за високите планински места во регионот. Поради падот на температурите, снежната граница понекаде во регионот би се спуштила  и пониско (под 1000 метри). Можно е дури снежни врнежи да се појават и во градовите во регионот следната недела.

Покрај ова, следната седмица се поизвесна е појава и на утрински мразеви, кој секако особено лошо ќе се одразат врз веќе расцутените овошки, најавува метеопрогнозерот Славчо Попоски.

 

meteoalarm.mk