Почитувани, како што и претходно најавивме, од среда 1.05.2024, па во деновите потоа (вклучувајќи ги и Велигденските празници) поради влијание на циклон од западна Европа, кај на следува период на променливо облачно и нестабилно време со чести поројни врнежи од дожд, проследени со грмежи како и со засилен ветер.
Локално не се исклучува можноста и за појава на локално невреме, проследено со силен ветер и со појава на град.
Ваквото променливо време и со повремени врнежи од дожд, но и посвежо би се задржало и за Велигденските празници.
Што се однесува до температурите, тие за Првомајските празниви ќе се искачуваат во интервалот од 21 до 27-28 степени, а потоа, односно за Велигденските празници ќе бележат тенденција на пад и ќе бидат под просекот за почетокот на месец мај (што значи дека ќе биде поладно од вообичаеното), пишува во најновиот метеоизвештај Славчо Попоски.