Вработените во ФЗО денеска на штрајк

Вработените во Фондот за здравство денеска излегуваат на протест. Тие бараат усогласување на платите со растот на минималната плата.

Од Синдикатот соопштија дека ќе бараат и разрешување на целиот управен одбор на фондот и поставување нови членови кои ќе го дозволат усогласувањето на платите.

Вработените во ФЗО штрајкуваа и пред три месеци, но штрајкот беше ставен во мирување по одлуката да не им се намалат платите.