Актуелниот претседател на Кривичниот суд во Скопје, судијата Иван Џолев, е избран за претседател на Здружението на судиите на Република Македонија.
На редовно изборно Собрание во присуство на делегати од судски подружници, Здружението на судиите го избра судијата Иван Џолев за нов претседател, соопштија од Здружението на судиите.
Џолев доаѓа на местото на досегашниот претседател на Здружението на судиите, судијата Џемали Саити.
Мандатот на претседателот на Здружението на судиите е четири години.
Како што е наведено во соопштението, на седницата биле избрани и членовите на новиот Управен и Надзорен одбор на Здружението на судиите.