Нема да можеме да избираме европратеник, поради изборниот закон на сила, ама може да се преброиме за некои да не кажат дека не постоиме. Го гласаме Партијата за еднаквост, мир и пријателство на претстојните европски избори. Обединетите малцинства во Грција ќе имаат посилен глас отколку одделно, за да ги почитуваат нивните права.
Евгенија Нацулиду, e преставник на организација „Крсте Мисирков (Движење за промоција на македонскиот мајчин јазик)“ на македонското малцинство во Грција.
Нашиот глас за Партијата за еднаквост, мир и пријателство нема да биде изгубен глас за Македонците. Сепак немаме што да изгубиме! Можеме само да победиме.
vesnik-ilinden.com