Седум лица ранети од огнено оружје во Лос Анџелес

0
45

Од истрели од огнено оружје во Лос Анџелес, САД, ранети се 7 лица, од кои 4 се во критична состојба, пренесува Анадолу.

Службеници на Полициската управа на Лонг Бич информираа дека добиле пријава за истрели од огнено оружје околу 23:15 часот по локално време.

Во соопштението се наведува дека во нападот најмалку 7 лица се здобиле со прострелни рани и истите се префрлени во болница.

Меѓу повредените, четири лица се во критична состојба, а три се здобиле со повреди кои не се опасни по живот, соопшти полицијата.

Едно или повеќе осомничени лица избегале пред пристигнувањето на полицијата. Засега нема информации за можниот мотив за вооружениот напад, информираше полицијата.

извор:Анадолу.

фото:Анадолу.