Алатката НОТАС за рано предупредување од невреме, за до крајот на денешниот ден прогнозира ниво 3 во Македонија, а тоа значи зголемен ризик од појава на невреме на повеќе места.
Невремето ќе биде проследено со обилен пороен дожд, силен ветер, силни и чести електрични празнења, како и со појава на град кој локално би можел да биде и покрупен.
Особено нестабилно се очекува да биде Јужно и југоисточно од Скопје, во Малешевијата, Пелагониско, и Охридско- Струшкиот регион.
Нестабилноста ќе продолжи и во текот на вечерните и ноќните часови кон утрешниот ден.
Во случај на појава на електрични празнења, апелираме да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја, стои во најновата објава од метеопрогнозерот Славчо Попоски.