Изборите беа фер и демократски. Констатирани се одредени неправилности, но тие се незначителни, изјави портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, на денешната прес-конференција по затворањето на гласачките места во 19 часот.
Граѓаните можеа слободно да одлучуваат за иднината на земјата. Благодарност до сите граѓани кои излегоа на гласање. Особена благодарност изразуваме за граѓаните кои го дадоа гласот за СДСМ и за кандидатот за претседател Стево Пендаровски. Во исчекување сме на првичните резултати од изборите, рече Кузеска.
На новинарско прашање како ја оценуваат одлуката на некои политички партии да спроведат тивок бојкот за претседателските избори, Кузеска одговори:
Секоја партија ќе си одговара пред себе и пред граѓаните. СДСМ повикуваше на масовност и ги повикуваше граѓаните да го исполнат своето право на глас. Ние никогаш не сме биле кочничари. И затоа денеска излегуваме со една ваква оценка за изборниот процес, рече Кузеска.