Засенета од руската инвазија на Украина, во Москва денеска (9.05) се одржува традиционалната воена парада во знак на сеќавање на советската победа во Втората светска војна.
На температура околу нулата и слаб снег, парадата на Црвениот плоштад ја следи и рускиот лидер Владимир Путин, кој неделава беше инаугуриран на претседателската функција и го почна својот петти мандат.
Од победата на Советскиот Сојуз над Хитлерова Германија минаа 79 години. Путин сѐ повеќе ги користи сеќавањата на Втората светска војна за да ја претстави неговата војна против Украина како наводно продолжување на борбата против фашизмот.
На воената парада во центарот на Москва ќе маршираат 9000 војници, меѓу нив и војници кои во изминатите месеци се бореле во Украина. Освен тоа, планирано е и прикажување на оклопни возила и друга воена техника.
Традиционални паради вообичаено има и на други места во Русија, но годинава тие се откажани во многу градови поради безбедносни причини.
DW