Денеска одбележуваме 9 години од терористичката акција во кумановско “Диво Насеље“ во која животот го загубија полициските службеници Љубиша Аранѓеловиќ, Бобан Ивановиќ, Горан Илијевски, Жарко Кузмановски, Исамедин Османи, Сашо Самојловски, Ненад Серафимоски и Горан Стојменовиќ.
По тој повод, утрово положив цвеќе на гробиштата во Зубовце и Брвеница каде почиваат Ненад Серафимоски и Жарко Кузмановски.
Хероите живеат вечно!
Нека им е вечна слава-напиша министерот Тошковски.