Летаат оставки во СДСМ. Откако вчера Фатмир Битиќи поднесе оставка, по него има и уште две оставки. Една од нив е од потпретседателот Перо Костадинов, а оставка и Маја Морачанин од ДОМ. „Почитувани граѓани и драги сопартијци, по изборните резултати, поднесувам оставка од мојата партиска функција, потпретседател на СДСМ“, информираше Костадинов на социјалните мрежи, објави Лидер.
Потпретседателот на СДСМ – Перо Костадинов поднесе оставка од функцијата во партијата. Освен него, оставка поднесе и лидерката на ДОМ, Маја Морачанин.
Почитувани граѓанки и граѓани, членови и поддржувачи на зелената партија ДОМ, како израз на етичка и морална одговорност, поднесувам оставка од функцијата претседателка на ДОМ. Во најкус можен рок, согласно Статутот на ДОМ, ќе организираме конгрес на кој ќе биде избран новиот претседател и раководство на ДОМ, напиша таа.
Се огласи и Перо Костадинов.
„Почитувани граѓани и драги сопартијци, по изборните резултати, поднесувам оставка од мојата партиска функција, потпретседател на СДСМ.
Најважни се слободата, мирот и напредокот на Македонија. Граѓаните, денес гласаа на демократски избори, и на слободен начин ја изразија сопствената волја.
Како држава, можеме да продолжиме напред само преку заедништво и добронамерност. Потребни ни се внатрешни и надворешни партнерства, силни институции и интеграција на земјата во ЕУ. Сонот за подобар живот дома, е на сите нас.
СДСМ ќе се реформира, затоа што му е неопходна на општеството. Како државотворна партија која секогаш ја негува демократијата, ја гарантира слободата на граѓаните и никогаш не поттикнува меѓуетнички судири, како столбови на нашиот опстој“, напиша Костадинов.
Ова е втора оставка во актуелното раководство на СДСМ откако синоќа оставка најави потпретседателот на партијaта Фатмир Битиќи.
извор: Лидер.