Синоќа во Запрешиќ, кај Загреб, пронајдено е бебе завиткано во ќебе и фрлено во контејнер. Според првите информации од местото на настанот, бебето било облеано во крв и имало повреди на главата. Станува збор за новороденче кое било пренесено во болница во Загреб и е во критична состојба.
На местото каде што е пронајдено бебето имало и 15-годишно дете кое барало помош од минувачите. Не се знае дали има врска со бебето или се работи за случаен минувач.
На местото на настанот е и полицијата, од каде најавуваат повеќе информации во текот на денот.