Томислав Николиќ, поранешниот претседател на Србија и директор на Националниот совет за координација со Руската Федерација и со Кина, имал утрово сообраќајка несреќа, пишуваат медиумите на нашиот северен сосед.
Несреќата се случила во 9:15 часот во центарот на Белград, а Николиќ се наоѓал во службено возило Ауди А8.
Со автомобилот управувал неговиот личен возач, а во несреќата немало повредени.