Поради невреме отежнат авио сообраќајот на скопскиот аеродром

Авионите кои доаѓаа од Виена и од Будимпешта до Скопје, мораа да кружат неколку минути над Велес и околината, за да чекаат да се смири невремето, па да може да слетаат безбедно на Меѓународниот Аеродром Скопје.

Двата авиони безбедно се спуштиле на аеродромот. Невреме имаше токму на источниот дел од Скопје, каде што е Меѓународниот аеродром, но за среќа траеше кратко.

Исто така и авионот од Загреб морал да ја смени планираната рута поради лошо време. Со задоцнето слетување се и авионите од Измир и Варшава. Авионот од Франкфурт бил пренасочен кон Солун. Откако кружел над Велес, не добил дозвола за слетување во Скопје, па слетал во грчкиот град.

Летот од Скопје за Франкфурт бил одложен за 2 часа, односно наместо во 15:15, ќе полета во 17:15 часот.

tv21.mk