Втора шанса за живот за Лидија Ристевска, да бидеме хумани!

Патот и борбата на Лидија започнуваат во декември 2019 година,кога за прв пат заминува во Русија, Москва и има третмант со матични клетки што добро и делуваа заедно со рехабилитацијата подоцна во 2020 година започната во Ниш, Србија. Сега ја добиваме истата шанса за рехабилитација во Загреб, Хрватска.
Лидија Ристевска боледува од Мултиплекс склероза 25 години. Мултиплекс склерозата го зазеде својот потежок удар 2016 година, кога Лидија прв пат седна во инвалидска количка. Долго се бараше соодветеден начин на лекување за нејзината состојба која премина во Секундарно прогресивна Мултиплекс Склероза. Во 2019 во Москва, Русија ни понудија лекување со трансплатација на матични клетки кое ветуваше многу за состојбата на Лидија. Со помош на хумани луѓе, бидејќи сумите за енормни за ова лекување, Лидија заминува во Русија на лекување и веќе уште таму се почусвтвува бенефитот од самото лекување. Од таму добива насока за рехабилитација, роботска, во Ниш, Србија, па во јануари 2020 година рехабилитацијата продолжува таму. Корона состојбата го направи своето и Лидија мораше да се врати дома затоа што постоеше обврска за карантин, па ја прележа короната што беше многу тешко за неа во таа состојба. Од тогаш Лидија се лекуваше уште неколку пати со матични клетки, но без рехабилтација поради недоволни средства и не наоѓање на соодветна рехабилитација. Борбата на Лидија ни еден момент не застана. Лидија направи тешка операција која можеше да ја чини живот во нејзината ситуација, со огромно губење на крв. Пред самата операција Лидија направи страшна сообраќајна несреќа што крајно и дополнително ја влоши ситуацијата повеќе од првиот пат пред Русија. Сега, поради состојбата, не може да патува во Русија, па закажана е трансплатација на матични клетки во Белград, Србија и рехабилитација во Загреб.
линк за ДОНАЦИЈА