Претседателот на ДУИ, Али Ахмети денеска ќе се обрати во јавноста од седиштето во Мала Речица.
Прес конференцијата е закажана за 13 часот, а се очекува да ги каже идните чекори на коалицијата Европски фронт.
Ова следува откако вчера се конституира новиот собраниски состав и објавата на договорот за формирање Влада меѓу ВМРО-ДПМНЕ, Вреди и ЗНАМ.