Македонецот Александар Лазовски, успешен магистрант на Харвард !

Честитки за нашиот Александар Лазовски, стипендист и признат студент лидер за вештачка интелигенција (AI) и образование, кој ја заврши својата магистратура по образование (2023–24) со просек 4.0 на реномираниот Харвард. Александар беше дел од програмата за лидерство во образование, организации и претприемништво и истражуваше како технологијата може да се искористи за обезбедување квалитетно образование на глобално ниво, со посебен акцент на користењето на вештачка интелигенција (AI).

”Со оваа диплома, ја продолжувам низата на први работи во моето семејство, почнувајќи од желбата да станам првиот претприемач во моето семејство, основајќи организација кога имав само 19 години до првиот кој дипломира на факултет а сега, и да магистрира. Неколкуте прекрасни наставници како и упорноста на моите родители да ми обезбедат квалитетно образование, и покрај сиромаштијата, го променија текот на мојот живот.

Ова е подарок што сакам да го пренесам на другите деца ширум светот и се надевам оваа диплома ќе ми овозможи да ја остварам таа мисија.Во иднина, носам голема одговорност, да преку моќта на квалитетното образование ја променам судбината и на други деца, кои можеби живеат слична приказна како мојата.

Уште еднаш, благодарен сум на сите за вашата поддршка и љубов!”  напиша Александар на социјалните медиуми.

 

skopjeinfo.mk