Мицкоски јасно да каже дека името на неговата земја е Северна Македонија, за внатрешна и надворешна употреба. Ова го очекува премиерот на Грција, Киријакос Мицотакис, кој уште еднаш испрати порака до новата македонска влада. Вели дека прашањето ќе го покрене и на претстојниот НАТО Самит во Вашингтон, но сепак се надева дека во Скопје ќе преовлада логиката.
„Очекувам од мандатарот за премиер на Северна Македонија јавно, на јасен и категоричен начин да изјави дека го почитува Договорот од Преспа, дека името на неговата земја е Северна Македонија, ерга омнес и во внатрешната и во надворешната употреба“, рече Мицотакис.
Мицотакис воедно додава дека Грција во ова не е сама, бидејќи слични пораки до новата власт упатиле Европа и САД, за целосно почитување на договорот од Преспа и користење на придавката „Северна“.
fokus.mk