Земјотрес со јачина од 6 степени според јапонската сеизмолошка скала утрово го погоди јапонскиот полуостров Ното во префектурата Ишикава, соопшти Јапонската метеоролошка агенција. Епицентарот бил на длабочина од 10 километри, а по 10 минути следел уште еден земјотрес со јачина од 4,8 степени на истиот полуостров, пренесува Kyodo.
Пет куќи се урнаа во градот Вуџијама, а мала промена на нивото на морето е забележана во близина на градот Сузу, иако не е издадено предупредување за цунами, соопшти агенцијата.
telegraf.rs