Конгресот на СДСМ се одложи на неопределно

Денешниот Конгрес на СДСМ се прекина и одложи откако раководствата на општинските организации побараа дополнително време за подготовка на извештаите за парламентарните и претседателските избори, објави 24info.mk.

Ова барање на општинските организации било прифатено од страна на раководството на партијата.

Како што дознаваме, Конгресот е одложен, а телата и органите на партијата ќе информираат за датумот за негово продолжување.

 

извор: 24info.mk