Двајца Грузијци смениле 40 милиони фалц леки во Елбасан

0
99

Во менувачница во албанскиот град Елбасан, близу границата со Северна Македонија, двајца државјани на Грузија смениле 40 милиони фалсификувани леки (национална валута во Албанија). За нив, добиле 40 илјади евра.

Албанските медиуми, пренесува МИА, пишуваат дека полицијата се сомнева оти станува збор за поголема група измамници поради што се апелира за внимателност во менувачниците, трговските објекти и бензинските пумпи.

Се апелира за внимателност и во пограничните градови во Северна Македонија во кои може да се менуваат средства во леки, но и во кои албански граѓани набавуваат разна стока и плаќаат во леки.

Двајцата Грузијци што ја направиле измамата во Елбасан се идентификувани, тие се возраст од 49 и 46 години, и за нив е издадена потерница за делата „измама и фалсификување монети“.

извор: slobodnaevropa.mk