(ВИДЕО) Големи поплави во Австрија

Штаерска ја зафати силно невреме пропратено со грмежи, поради што надлежните служби беа принудени да евакуираат околу 50 загрозени лица.

За само неколку минути надојдената река Босебах се излеа од коритото, што предизвика поплавување на центарот на Дојчфајстриц, пишува весникот „Прес“.

Водената стихија однела автомобили, а според сведочењето на пожарникарите, неколку лица биле спасени од критична ситуација.