56-годишна жена ограбила кладилница

0
66

На локалниот пат за село Ростуше, гостиварско, полициски службеници од ОВР Гостивар синоќа во 19:50 часот ја лишиле од слобода В.Т.(56) од село Ростуше.

Таа се сомничи дека околу 19:30 часот од спортска обложувалница во селото Ростуше одзела пари од дневниот промет. Парите биле пронајдени и вратени на сопственикот, а лицето било приведено во полициска станица.

По целосно документирање на случајот, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава