Радио Европа 1: Макрон размислува за оставка?

Францускиот претседател Емануел Макрон разговара со својата придружба за можноста да поднесе оставка од функцијата шеф на државата доколку десницата победи на парламентарните избори, јавува радио Европа 1, повикувајќи се на неименуван извор, пренесува Спутник.

„Оставката на претседателот не е табу, денес мораме да ги разгледаме сите сценарија“, го цитира радиото еден од блиските соработници на Макрон.

„Тој е подготвен да го жртвува остатокот од својот петгодишен мандат“, додаде тој.

Европа 1 тврди дека самиот Макрон разговарал за ова „екстремно сценарио“ со еден од неговите соговорници во последните недели.

Сепак, радиостаницата смета дека оставката не е опција на претседателот, „иако нејзината перспектива треба да послужи во оваа кампања за драматизирање на претстојните избори“.

Друга стратегија што може да ја избере претседателот е да коегзистира на власт со десничарскиот Национален собир во случај да победи на парламентарните избори.

На 9 јуни Макрон одлучи да го распушти Националното собрание (долниот дом на францускиот парламент) и да распише предвремени избори поради поразот на неговата партија на изборите за Европскиот парламент (14,6 отсто од гласовите). Тоа е половина од опозициската десничарска партија Национален собир, која ја поддржаа 31,4 отсто од гласачкото тело. Првиот круг од вонредните избори за Националното собрание ќе се одржи на 30 јуни, а вториот на 7 јули.

Извор: politika.rs