Во Јадранско Море се појави кит, апел до туристите и до населението да не му приоѓаат со чамци

0
97

Претставници на националниот парк Мљет соопштија дека добиле повеќе пријави оти во каналот Мљет меѓу Полач и Трстеник е виден кит.

Тие велат дека немаат повеќе информации за китот, ниту пак знаат за каков вид се работи.

Заедно со објавената фотографија, Националниот парк Мљет упати апел до локалното население и туристите доколку го видат китот, да не му приоѓаат со чамци.

Извор: Република

фото: МИА