Голем пожар на Кипар, се евакуираа граѓани – се бара помош од Јордан, Израел, Грција и ЕУ

0
48

Голем пожар избувна во близина на градот Пафос во западниот дел на Кипар, нанесувајќи штета на домови и превентивно беа евакуирани неколку населени места. И покрај интервенциите од копно и воздух, огнените јазици засега се вон контрола, јави дописничката на МИА од Атина.

Пожарот е во непрооден дел, гори сува трева, ниска вегетација и дрвја, а според портпаролот на противпожарната служба на Кипар Андреас Кетис, земјата побарала помош со воздушни средства од Јордан, Израел, Грција и механизмот за цивилна заштита на Европската Унија.

Од Министерството за климатски кризи и цивилна заштита на Грција соопштија дека на Кипар испраќаат два канадера.