Македонецот Јоце Николовски кој веќе неколку години живее и работи во Швајцарија е неуморен фотограф пред речиси целата Балканска естрада која натапува во оваа земја.
Како што имавме објавено за големата љубов кон објективот на Јоце, сето тоа продолжува уште повеќе со несмален интензитет, при неговата постојана работа. Јоце ги бележи, овековечува речиси сите настани кои се случуваат во познатите ноќни локали и кафани низ Швајцарија, особено на оние места каде има настапи на нашите македонски пејачи, но и атрактивните балкански имиња.
Самото тоа го говорат и фотографиите каде Јоце е во друштво со звучните музички имиња како нашата Сузана Гавазова, Спасен Силјаноски, Јелена Карлеуша, Драгана Мирковиќ, Дара Бубамара и уште многу други.
Помеѓу другото Јоце како професионален фотограф слика и снима и бројни домашни и приватни веселби и свечености кои ги има кај нашинците во Швајцарија кај кои Јоце е многу баран.