Со автомобил удрил во три паркирани возила – возачот со тешки повреди, а сопатникот со полесни

0
43

На 13.06.2024 во 07.45 часот во СВР Тетово било пријавено дека на крстосница на ул.„Илинденска“ со ул.„Киро Ристоски Дрнц“ во Тетово, патничко моторно возило „цитроен“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од А.З.(30) од Тетово, удрило во паркирани патнички моторни возила: „форд“ со тетовски регистарски ознаки, патничко моторно возило „фолксваген туран“ со тетовски регистарски ознаки и патничко моторно возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки.

-Во несреќата возачот се здобил со тешки телесни повреди, додека со телесни повреди се здобил сопатникот Љ.А.(19) од тетовско Гајре, констатирани во Клиничка болница Тетово.

Увид на местото извршила екипа на СВР Тетово.