Пожари па дожд

0
79

Центарот за управување со кризи регистрира 11 пожари на отворено и неколку помали интервенции во последното деноноќие и сите се изгаснати. Инаку при тоа помогна и дожот кој зафати делови од земјата.

Пожарникарите интервенирале за гаснење ниска вегетација и ѓубре во општините: Гази Баба, кај с. Раштак; Сарај, кај с.Кондово; Сопиште кај с.Варвара; Битола, кај месност „Обиколница“; Прилеп, кај с. Стровја; Долнени, кај с.Дебреште; Валандово, кај с.Удово; Штип, кај Индустриска зона; Тетово, кај Фабрика Муневре; Велес во Индустриска зона и во Општина Свети Николе кај с. Малино.

Заради силниот ветер при последните два пожара на отворено изгореле и објекти и куќа.
Конкретно, Регионалнио ЦУК – Велес, известува дека противпожарната служба во Велес, во период од 16.26 до 19.35 часот, со 12 пожарникари и шест противпожарни возила, интервенирале на запалена ниска деградирана вегетација. Во пожарот биле зафатени и два напуштени воени магицина, во велешката населба „Речани“.

Пожарникарите од Свети Николе интервенирале за гаснење запалена ниска деградирана вегетација, при што била опожарена и една куќа и четири помошни простории, во село Малино, Светиниколско. Со пожарот била зафатена површина од три декари.

slobodnaevropa.mk