Црвен аларм за туристите: Инвазија на месојадни црви долги до 30 сантиметри на плажите во Будва и Италија!

0
112

Месојадни црви се забележани на плажите во Будва, Црна Гора и во италијанските региони Сицилија, Калабрија и Апулија. За туристите и за жителите од овие региони издаден е црвен аларм за инвазија од месојадните црви, пишуваат медиумиte.

Месојадните црви испуштаат невротоксин, што предизвикува главоболка и вртоглавица. Долги се од 20 до 30 сантиметри и главно живеат на камено но и во песочното морско дно. Вообичаени се на Карибите и во тропските региони на западниот Атлантик.

Институтите за истражување на црви предупредуваат дека ваквите црви прават штета на рибарската индустрија оти се фаќаат за риболовната опрема.

За оние кои ќе дојдат во допир со вакви црви, експертите советуваат боцките да се отстрануваат со суви прсти или леплива лента за да се избегне триење на кожата. Освен дезинфекција, препорачуваат да се измијат со ладна вода зафатените делови од телото и посета на лекар доколку се појават алергиски симптоми или покачена телесна температура.