Американски турист е пронајден мртов во близина на Крф, уште тројца други се водат за исчезнати

0
123

За само една недела тројца исчезнати туристи се пронајдени мртви на грчките острови, јавија денес грчките медиуми.

Туристот од САД кој исчезна на островот Матраки денес е пронајден мртов, трет во изминатата недела, јавува грчката телевизија Скај њуз.

55-годишниот маж исчезна од својот хотел на грчкиот остров Матраки во Јонското Море минатиот вторник, а 74-годишен маж од Холандија беше пронајден мртов во саботата на островот Самос во Егејското Море откако отишол сам на прошетка во југозападниот дел на островот.

Британскиот ТВ водител, доктор Мајкл Мозли беше пронајден мртов на егејскиот остров Сими пред една недела.

Мозли очигледно паднал по стрмна падина, изјави градоначалникот на Сими, Лефтерис Папакалодукас за Sky News.

Според грчките медиуми, во Грција моментално се водат како исчезнати уште неколку туристи.

Американски турист, 59-годишниот Алберт Калибет, исчезна на егејскиот остров Аморгос додека планинареше, а операцијата за потрага по двајца исчезнати француски туристи на егејскиот остров Сикинос продолжува.

Во соопштението на грчките власти се наведува дека спасувачката мисија ќе користи доброволци, пожарникари и ќе регрутира дополнителен полициски тим од блискиот остров Иос.