Денес и утре во Македонија ќе имаме многу топло време со максимални дневни температури кои ќе се искачуваат во интервалот од 30 до 38 степени, во Скопје температурата ќе се движи во интервалот помеѓу 36 и 38 степени. Ув индексот ќе има екстремно висока вредност и ќе има коефициент 9.
Времето ќе биде сончево со појава на мала локална облачност, а ќе дува и слаб до умерен ветер од променлив правец. Само денес попладне во планинските региони можна е ретка појава на пороен дожд и грмежи.
Максимумот на топлотниот бран го очекуваме од четврток до сабота кога ќе биде екстремно топло со екстремно високи температури на воздухот, но детална анализа околу ова ќе објавиме во текот на денов.
Овие температури се натпросечно високи. Инаку денес и утре максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 30 до 38 степени, стои во најновата наја од метеопрогнозерот Славчо Попоски.