Титан арум, познат како „цветот со најлош мирис на светот“ и „цветот труп“ и Aristolochia goldieana, едно од најретките цвеќиња во светот, првпат процветаа истовремено во Кралската ботаничка градина Кеу гарденс во Лондон, јавува Анадолу.
Како што соопшти ботаничката градина, Aristolochia goldieana процветала третпат во својата историја во таа ботаничка градина.
Соопштено е дека првиот цвет на Aristolochia goldieana, кој е висок три метри и живее околу 48 часа, процветал во 1990 година, а вториот во 2023 година и дека неговиот мирис потсетува на хемикалии.
Тие наведоа дека титан арум, како и Aristolochia goldieana, исто така, ненадејно процветале.
Цветот, кој е во ботаничката градина од 1889 година, првпат процветал во 1926 година. Тогаш интервенирала полицијата поради големиот интерес на граѓаните.
Титан арум, растение од Индонезија, според многумина, ја испушта најголемата смрдеа меѓу целата светска флора, па не е случајно што го нарекуваат и „цвет на труп“.
Титан арум цвета еднаш на шест или седум години, а ботаничката градина во Лондон има 12 примероци.
Поентата на мирисот е да привлече месојадни инсекти што влегуваат во цветот и остануваат заробени. Додека се обидуваат да излезат, тие на своето тело навлекуваат полен што потоа го шират понатаму, а откако цветот ќе овене, тие се ослободуваат.
извор: Анадолу.
фото: Анадолу.