Стефковски: Матео жив и здрав се врати дома

Малиот Матео, за кого се собираа донации за лекување во Белград, се врати во добра здравствена состојба назад во Македонија. По успешниот третман, неговото враќање го објави градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски, на својот Фејсбук профил.

„МАЛИОТ МАТЕО ЖИВ И ЗДРАВ СЕ ВРАТИ ДОМА!” Среќен сум што можам да споделам со Вас дека Матео е во добра здравствена состојба и го чека терминот за редовна контрола во болницата во Белград. Матео е едно прекрасно дете кое утрово имав можност лично да го запознаам. Ова е една од средбите кои ќе ги паметам целиот мој живот!

Им благодарам на сите хумани луѓе кои донираа и за миг ги собравме потребните средства за лекувањето на Матео“, објави Стефковски на Фејсбук.