УЕФА отвори истрага против фудбалерот Мирлинд Даку кој ги пцуеше Македонците

Албанскиот репрезентативец Мирлинд Даку се наоѓа под истрага на европската куќа на фудбалот УЕФА поради скандирањата по натпреварот против Хрватска одигран во Хамбург во рамките на Европското првенство.

На видеата објавени на социјалната мрежа Икс може да се види како репрезентативецот на Албанија преку мегафонот извикува пцовка кон Македонците, по што навивачите продолжуваат со скандирање на навредите
Фудбалската федерација на Македонија денеска го осуди нападот, и побара од УЕФА да отвори истрага против Даку за ваквите скандирања, по што европската куќа на фудбалот сега ќе го истражува случајот и ќе ја донесе казната за албанскиот играч.

Истовремено Европската куќа на фудбалот (УЕФА) покрена истрага против навивачите на Албанија и Хрватска поради тоа што се случи на трибините на дуелот на двете репрезентации на ЕУРО. Вечерва стигна потврда од УЕФА дека регулаторното тело реагирало според член 31 во врска со настаните што беа видени на натпреварот во Хамбург во средата.

„Во согласност со член 31(4) од Дисциплинските правила на УЕФА, денеска е назначен етички и дисциплински инспектор на УЕФА за да спроведе истрага за можното расистичко и/или дискриминаторско однесување на навивачите што наводно се случило за време на групата на УЕФА Европското првенство 2024 година. Етапен натпревар помеѓу репрезентативните селекции на Фудбалскиот сојуз на Хрватска (ХНС) и Фудбалскиот сојуз на Албанија (ФСХФ), одигран на 19 јуни 2024 година во Хамбург, Германија – се наведува во соопштението на УЕФА“, пренесува Б92.

На натпреварот од второто коло од групата Б на Европското првенство (2:2), во 59. минута хрватските и албанските навивачи почнаа да ги скандираат паролите „Убиј, убиј Србина“ и „Србе на врбе“.

поврзани вести …

https://news1.mk/archives/159100