Почина актерската легенда Доналд Сатерленд

0
79

По долго боледување на 88-годишна возраст почина познатиот канадски актер Доналд Сатерленд.

Веста за неговата објави ја откри неговиот син Кифер, кој на Х се огласи со потресни зборови.

-Со тешко срце ве известувам дека мојот татко Доналд Сатерленд почина. Јас лично го сметам за еден од најважните актери во историјата на филмот. Тој никогаш не се плашеше од улоги, без разлика дали се тие добро, лошо или грдо, објави Кифер.