Најголемата регионална ѕвезда Аца Лукас неодамна ја изненади својата публика со автобиографската книга „Ова сум јас“, која наиде на фантастични критики.
Со оглед на реакциите на публиката и интригантниот живот на популарниот пејач прикажан во книгата, во соработка со продуцентот Саша Мирковиќ и Хајп продукција, решија да снимаат филм и серија која ќе го носи насловот „Kafana na Balkanu “ – како еден од безвременските хитови на Лукас, а по се изгледа, таков ќе биде и овој филмски проект.
Засега е познато дека режисер на овој проект ќе биде Сузана Пурковиќ, која оствари фантастична соработка со продуцентската куќа „Hype“, а фолкерот ќе го глуми еден од најталентираните актери на помладата генерација Младен Совиљ.
Подготовките се веќе во тек, а како што открива продуцентот Саша Мирковиќ, филмот ќе се снима во неколку градови на поранешна Југославија, меѓу кои и Скопје, Сплит, Бања Лука, Будва, Мостар, Сараево, Белград