Почина Исуф Кадриу, заменик-главен уредник во телевизија Алсат и дописник на РСЕ од Скопје

Новинарот Исуф Кадриу, дописник на Радио Слободна Европа (РСЕ) од Скопје, ненадејно почина во неделата на 52-годишна возраст.

Кадриу известуваше за РСЕ од Скопје од 2001 година и беше едно од најистакнатите имиња во редакцијата на Радио Слободна Европа.

Тој беше и заменик-главен уредник во националната телевизија Алсат во Северна Македонија.

Кадриу зад себе остави сопруга и три деца, но и неизбришливо наследство со неговата работа во РСЕ.

Радио Слободна Европа изразува искрено сочувство до неговото семејство и пријателите!