Денес одбележуваме 90 години од раѓањето на големиот македонски писател Петре М. Андреевски

0
109

Петре Мито Андреевски (Слоештица, Демирхисарско, 25 јуни 1934 — Скопје, 25 септември 2006), попознат како Петре М. Андреевски— македонски поет, романописец, раскажувач и драмски автор. Се вбројува меѓу најдаровитите, а воедно и најпопуларните македонски поети и раскажувачи. Неговите приказни се честопати необични и чудно испреплетени, но во особеноста на својата упатеност кон читателот, раскрилуваат еден познат и близок свет, што го препознаваме како ехо на дамнешни, напати, темни кажувања. Во мај 2000 година бил избран за редовен член на МАНУ.
Со секој збор, тој вдахнува нов живописен свет, будејќи море од емоции што допираат до душата и ја мијат со чиста мисла.
💫
Кога зборуваме за поезија како уметност од зборови, за љубов во нејзината најсилна форма, мислиме на вечниот и незаменлив Петре М. Андреевски.