Излезе од печат православен молитвеник на корејски јазик

0
26

Неодамна во Корејската епархија на Руската православна црква беше објавен нов молитвеник на корејски јазик.

Во есента 2022 година, беше основана издавачка куќа на Корејската епархија, која од 2019 година ја води Архиепископот Теофан (Ким), кој е етнички Кореец.

Новото издание во себе вклучува: утрински и вечерни молитви, Вечерна, Мало повечерие, молитви пред и по Причест, молитви за различни прилики, Канон кон Богородица и Акатист кон свети Нектариј Егински.

Работата над преводот траеше околу шест месеци. Молитвеникот е објавен во мал тираж од 100 примероци и веќе е достапен во црковните продавници низ Корејската епархија.

Молитвеник на корејски јазик претходно беше објавен од Корејската Митрополија на Цариградската патријаршија во 2017 година, но тој тираж е исцрпен.

 

liturgija.mk